Можеме ли да му веруваме на Заев дека нема да ги менува знамето, химната и грбот?

Ахмети ја отвори вратата за промена на химната, знамето и грбот, а Заев потрча да ја затвори, но јавноста не му верува на премиерот. Јавноста го прими демантот со резерва знаејќи дека тој досега ,многу пати си го погазил својот збор, дури и се колнеше дека нема да го промени Уставот на Македонија. Вториот проблем во моментов е што и министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја остави подотврена врата за такво нешто.

Недовербата кон премиерот се должи на тоа што се уште се свежи сеќавањата на сите негови изјави и ветувања, посебно кога е промената на уставот во прашање, за што Заев се колнеше во своите најблиски дека нема да се случи.

-Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија да излезе пред Парламент да бара промена на устав, заради промена на уставното име, исто така изјави Заев во минатото.

-А што се однесува до уставот гарантирам одличен устав имаме, европски устав. Уставот нема да дозволам никој да го смени, уставот ќе се почитува, уставот ќе се спроведува, нема менување на уставот. Бидете спокојни, изјави Заев.

Покрај ветувањата за Уставот, премиерот Заев ветуваше и дека нема да има двојазичност во Македонија.

-Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп, во Кавадарци двојазичност? Глупости невидени, до каде забегаа. Зборува дали лекарот ќе направел проблем, па живот ќе се загубел, ова е невидено, изјави Заев.

Ветувањата и зборовите искажани од устата на македонскиот премиер се едно, реалноста е сосем друго. Ветувано беше дека нема да има промена на Уставот со цел промена на уставното име, добивме друга вистина, иста е ситуацијата и со двојазичноста, ветувано беше дека ќе ја нема, но и тука вистината е многу друга.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста