Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека на ден 02.09.2021 година ( четврток ), без електрична енергија ќе останат:

• во периодот од 10:00 до 13:30 часот, корисниците на дел од ул. Виничка и Вашингтонска. ( општина Шуто Оризари);
• во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на дел од ул. Малешевска, дел од ул. Ниџе Планина (општина Кисела Вода ) како и дел од ул. Пелагонија и ул. Индира Ганди (општина Шуто Оризари )
• во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на дел од село Нова Брезница, од раскрсницата за кон црквата до раскрсница за Кула ( општина Сопиште )
• во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците на сите стопански и нестопански објекти во с.Количани, сите стопански и нестопански објекти во индустриска зона Пинтија, сите стопански и нестопански објекти во Драчево, сите стопански и нестопански објекти во с. Батинци, сите стопански и нестопански објекти во с. Студеничани, сите стопански и нестопански објекти во с.Батинци ( општина Кисела Вода и Студеничани ) како и корисниците од ул. Никола Русински згр.бр.12, ул. Карпошово востание згр. бр. 10, ул. Манапо згр. бр.4, ул. Пелистерска згр. бр.1, КУД Партизан и киоск на ЈСП. ( општина Карпош )
• во периодот од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на ул. Доситеј Обрадовиќ бр. 13, 14, 15 и 17 ( општина Кисела Вода )

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста