Дел од газдите во текстилната дејност нема нема да го исплатат покачениот минималец

Модерното ропство на текстилните работници на истокот продолжува и добива нови димензии.

Нeколку стотини текстилни работнички во Делчево, во јануари нема да добијат покачување на минималецот затоа што газдите на конфекциите каде што работат, нашле начин како легално да го изиграат законот. Деновиве Алфа контактираше со неколку работнички.

Плашејќи се да не ја изгубат работата, не сакаат јавно да зборувaат. Зад камерите објаснуваат, најдоцна до петок треба да се изјаснат дали сакаат плата од 14.500 без храна и превоз или сакаат 12.500 ден., но со бесплатен превоз и топол оброк.

И од здружението Гласен текстилец, ја потврдуваат информацијата. Жално е, коментираат, работникот повторно е обесправен.

Ова е уште еден доказ дека работниците низ годините ги имат загубено своите основни работнички права, смета првиот човек на Сојузот на синдикати. Тешко е да се преговара со луѓе, кои за работниците мислат дека им се робови, вели Дарко Димовски.

Текстилството важи за гранка каде што се врши модерна експлоатација на трудот, а работниците постојано се жалат на условите за работа и ниските плати.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста