Евакуирано средното уметничко во Скопје поради дојава за бомба

Пријава за бомба ги стана од училишните клупи учениците во средното Уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје. Пријавата во полиција дошла некаде за време на големиот одмор, поради што биле евакуирани сите во училиштето, потврдува директорот Димитар Филипов.

-Па не беше ништо страшно во основа. Дојдоа екипите од МВР и побараа да еден дел од нашето училиште биде евакуиран. Конкретно се работи за паркингот зад Млин Балкан. Тоа се случуваше за време на големиот одмор, така што немаше сериозен прекин на наставата, изјави Филипов.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека кај нив било пријавено дека на паркингот кај клиниката Млин Балкан, кој се наоѓа до Уметничкото училиште, било пријавено дека е пронајдена бомба, но повеќе детали не соопштуваат се уште.

-Во 08,36ч, во ЕИК-Скопје е пријавено дека на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, на паркинг-просторот има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил. Полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Учениците не сакаа да говорат пред камерите, зад камерите кратко кажаа дека евакуацијата траела кратко, по што се вратиле на часовите.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста