Даштевски: Ако до крајот на март не се отвори тендерска постапка за фингерпринт, нема да може да се набават

Еден гласач, еден глас – тоа е мотото на државната изборна комисија , но дали на претстојните избори тоа ќе се случи? Законската обврска да се набават апарати за отпечаток од прст е основа за регуларни избори и неможност за полнење кутии, но процедурата е закочена заради две одредби во изборниот закон кои се спорни за МВР да и ги даде личните податоци на ДИК. Претседателот на ДИК церува дека ќе се стигне со процедурата, ама предупредува дека времето ги гази.

Доколку оваа постапка се заврши до крај на февруари, доколку се распише тендр до крај на март, ние имаме реални шанси да го оствариме тоа. Ако не се случи тоа немаме шанси. Тоа е едноставно, ако вие ги гледате овие законски одредби и нашата должност да ги спроведеме, но одредби кои не се спроведливи се ништо..- вели Александар Даштевски – претседател на Државна изборна комисија.

Даштевски вели имаат поддршка од Заев да почнат со процедурата, но очигледно не бил избрифиран дека треба да го реши проблемот со финансиите за да се спроведе целата постапка, вели Даштевски.

Дали сме слушнале некаде некогаш дека прстот е прснат па гласал два пати, на тој начин дека е утврдено. Не сме слушнале. Тоа е во мерка која што треба да ви ја заврши својата улога. Тоа се пременува во земји каде нема матични книга.. – вели Александар Даштевски – претседател на Државна изборна комисија

Сега целиот товар е на ДИК, иако не зависи се од нив, за процедурата потребни се согласности од министерството за финансии, МВР како и договор меѓу работната група. Што доколку власта го одолговлекува имплементирањето на одредбата во изборниот законик за техничка опрема, дали ДИК ќе се согласи да реализира избори спротивно на законот?

Не, треба да останеме.. Секој си има свое мислење. Можеби нема да сака, тоа е колективно тело – вели Александар Даштевски – претседател на Државна изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека има доволно време за да се набават апаратите оти Албанија за само три месеци го финиширале процесот, а ние до изборите имаме 8 месеци. Предупредуваат дека за нивно учество во изборниот процес е неопходно да се почитува законот, односно да се идентификуваат гласачите преку техничка опрема.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста