Дали слепите лица ќе останат без персонални аистенти?

Проектот поддржан од меѓународната заедница за законско овозможување на лицата со хендикеп да имаат персонални асистенти, кој објективно им е најпотребен на слепите лица, после две години, се чини дека го губи својот здив. Предрасудите на заедницата, нерешениот статус на асистентите и сите други специфики со кои после 65 наполнети години не им следува асистент, состојбите ги доведоа до дефицитарност и привилегија само за мал број лица. Така е и во Битола, бидејќи од 215 слепи лица асистенти имаат само девет.

„Она што го рекоа дека до пензионирање до 65 години ќе бидат со нас, тоа треба да се искорени. Добиваат некои минимални средства од 11. 000 денари , а законски добиваат повеќе, но завршуваат кај провајдерот Црвениот крст“, рече Стефче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица во Битола.

Да се живее во мрак е неизвесна и тешка судбина, а поддршката од ваков тип со професионален придружник е неопходна, што на запад е стандардизирано искуство.

„Во мрак живеам многу тешко и многу тешко се наоѓа придружник- рече Ерол фазлиевски кој кој 10 години живее во мрак.- немаме личен асистент и жена ми е 24 сати нон- стоп со мене. Јас боледувам од повеќе болести, не сум само слеп“, рече Сефедин Лумановски.

Персоналните аистенти очекуваат заедницата во целост и законски да го реши нивниот статус, кој носи многу предрасуди и специфики.

„Проблемот е во тоа што немаме осигурување и немаме обезбедено работно место. Ние сме невработени, а имаме од 4-8 саати но немаме здравствено и пензиско осигурување. Со тоа, нашата иднина не е загарантирана“, рече Рашела Лозановска, персонален асистент.

Во Македонија, во моментов се регистрирани над две илјади слепо лица, од кои едвај 20% имаат персонални асистенти иако сите го имаат тоа законско право, а во Битола само 4,18 отсто.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста