МВР: 273 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 273 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 31 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 50 прекршоци, 31 технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 15 мерки за неносење на сигурносен појас, 25 мерки за непрописно паркирање, 16 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 49 казни за неносење на заштитна маска, информираат од Министерството.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста