Дали Симовски навестува пописни резултати што нема да бидат прифатени?

Од што стравува првиот човек на Дражавна статистика со објавување на резултатите од пописот, па најавува дека ќе го гледаат како државен непријател. Партиите се уште калкулираат за исходот од септемврискиот попис, но се зголемуваат сомнежите дека ниту по 20 години од последниот попис, нема да се објават реални податоци.

Министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП Горан Милески со остра реторика вели дека пописот стана политичка наместо статистичка операција. Регира  дека нејасно е зошто дури седум месеци откако беше спроведен пописот беа потребни да се обработат податоците, иако се функционира електронски.

Дека сомнежите за нерелевантен попис се зголемуваат потврдуваат и останатите политички партии. Пратеникот Павле Трајанов во изјава за Алфа вели дека најавата на Симовски дека ќе стане најголем државен непријател по објавувањето на податоците ќе наиде на реакции и од македонскиот и од албанскиот политички блок. Се сомнева дека ќе има податоци кои не се вклопуваат со состојбата во државата. 

ОД ВМРО ДПМНЕ велат дека најавата на Симовски е подготовка за политички маневар, но ќе ги чекаат официјалните податоци па потоа ќе коментираат.

И додека ЛДП јасно кажува дека процесот на попишување фрла сериозен сомнеж за нерегуларности, Интегративците на Ахмети се изјаснија дека нема да го признаат само ако Албанците се под 20 отсто.

Од Алијанса на Албанците остануваат воздржани околу ставовите за пописот. Од партијата за Алфа велат дека прво ќе ги почекаат резултатите , па потоа ќе се изјаснат.

Ромите очекуваа да се покаже дека се 100 илјади во Македонија, односно 4 отсто. Владејачката партија пак, а Турците велеа дека нема да ги прифатат бројките доколу бидат под 7 отсто од вкупното население.

Следната недела веќе треба да бидат објавени податоците од септемврискиот попис кој неколкупати беше оложуван, што поради изброните циклуси,  прегазени рокови и бурната собраниска расправа. Статистичката операција која доцни цели 20 години треба конечно да ја даде бројката на вкупното население, но и поделбата по етнички заедници, кое беше клучна графа во целиот процес.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста