Да се добие битката со коронавирусот – единствена желба на заразените

Борба за воздух, желба да се преживее.Овој млад тетовец,тешко, но, успеа да го победи Ковид 19.Немал заболувања, здраво живеел, но заразата вели, не прашува за тоа.Неколку денови дома, па речиси две недели во болница траела голготата.Никогаш нема да заборави, што преживеал и што видел.Благодарен е на Бога, но,и на медицинските лица,кои вели, лавовски се борат.

Сеуште се опоравува  од болеста, изморен, исплашен, но и радосен што го победил.Но,заразата вели може да остави последици,затоа апелира вирусот да се сфати сериозно,оти не бира здрав, болен,ниту стар или млад.

Тихомир ја доби битката со непредвидливиот  коронавирус,но, за него вели, ова искуство ќе остане како лош белег.Посакува епидемијата побрзо да заврши,а  животот и слободата, повеќе да се ценат.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста