Д-р Мехмедовиќ за Алфа:Македонија треба да стравува од индискиот сој ковид-19

Македонија треба да стравува од индискиот сој на ковид19 предупредуваат лекарите. Д-р Злате Мехмедовиќ вели дека најголема закана за проширување на делта варијантата е транзитот со летните одмори.Затоа ќе биде тешко да се спречи индискиот сој на влезе во земјава.

“Со оглед на тоа што се летни одмори и имаме големо раздвижување на населението во околните земји можеме преку втори или преку трети земји,преку одредени контакти да го внесеме и да не биде детектиран и од еднаш да имаме експлозија на вирусот.” – вели д-р Злате Мехмедовиќ.

Д-р Мехмедовиќ алармира дека во следните месеци мора да имаме масовна имунизација, за наесен да не се доведеме повторно во ситуација која би го блокирала здравствениот систем.

“Податоците кои ги имаме дали се зборува за есенски бран или нешто порано, ќе зависи од тоа како секоја земја ќе се однесува во наредниот период.Подготовките за тоа што би можело да не чека се базираат врз основа на податоците кои ги добиваме од земјите каде што веќе овие варијанти кои што се високо преносливи и се во подем.Доколку тоа се оствари дека е така тогаш ќе биде тешко за здравствениот систем да го контролира процесот на лекување, не само на превенција.Затоа што се смета дека бројот на хоспитализации кај делта варијантата се зголемува за два пати.Значи двојно повеќе ќе имаме хоспитализиации.” – изјави д-р Мехмедовиќ.

Првиот случај на заразен со индискиот сој беше откриен на почетокот од јуни. Неодамна во земјава беше детектиран и случај на нигерискиот сој кај полковник на АРМ којшто заболе на мисија во Централноафриканската Република. По 22 дена на Инфективната клиника, тој беше пуштен на домашно лекување.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста