Цели семејства жртви на опасниот вирус-состојбата во тетовско и натаму сериозна

Опасниот вирус брои се повеќе жртви во тетовско.Минатата недела,од ковид починало цело семејство-татко,мајка и ќерка.И ова не е прв случај,неколку члена од едно исто семејство да ја изгубат битката со болеста-алармираат лекарите.

Епидемиолошката состојба сеуште не дава никакво охрабрување и надеж-и натаму е сериозно со високи бројки на новозаразени, хоспитализирани и починати. Тетово иако ги живее најтешките денови од пандемијата, свесноста кај поголем дел од населението и натаму е мала-сеуште се прават семејни веселби, групирања, не се почитуваат мерките.Голем дел од позитивните пациенти продолжуваат да се лечат дома на своја рака,ставајќи го животот на ризик.

Бројот на хоспитализирани во тетовската клиничка болница и натаму се движи над 100 пациенти, речиси сите на кислородна поддршка.Најголем процент од нив,се невакцинирани.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста