Црни корона статистики: Македонија негативен лидер во Европа и светот, за Филипче состојбата била под контрола

Македонија корона лидер во Европа, но за жал негативен. Последниов период нашата земја има најголем број новозаразени на дневно ниво. На 13 јуни бројот на нови случаи е 93,1 на милион луѓе. Под Македонија е и една Белорусија, каде речиси нема никакви мерки за справување со коронавирусот.

Македонија е меѓу негативните лидери и во светот, во делот на справување со самата криза. Според сајтот ендкоронавирус.орг, и тука е ставена во најлошиот сегмент, меѓу земјите кои треба да преземат акција, заедно со држави како Афганистан, Ирак, Кенија, Мали, Сомалија, Јужен Судан. Од регионот во овој дел се и Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, но и таму бројките се многу подобри од Македонија.

Ваквата состојбата е очекувана со оглед на тоа дека со денешните 103 нови случаи и пет починати, само во првата половина од јуни имаме 1934 новозаразени и 60 починати. И покрај овие црни бројки, министерот за здравство Венко Филипче контрадикторен, вели ситуацијата била под контрола, не биле бројките единствен параметар. Сепак и потврдува дека имало проблеми кои претставуваат сериозна опасност за ширење на вирусот.

-Има многу кои што не ги примаат решенијата и има различни причини за тоа, има луѓе кои што даваат грешни адреси, грешни телефони во анкетите, во однос на нивните контакти, инспекторите не можат да ги најдат, но тоа е сериозен еден ризик и затоа многу често апелирам да се даваат точни податоци, и да се соработува со епидемиолозите и со инспекторите од ДСЗИ, изјави Филипче.

Покрај овие четири земји кои треба да поработат на справување со оваа криза сите други земји од регионот како Грција, Црна Гора, Хрватска, Словенија се ставени во делот на оние кои го победуваат Ковид 19, додека пак Србија е ставена во оние кои се блиску до победување на вирусот. Инаку, за илустрација додека траеше кампањата на седи дома бројот на новозаразени во просек беше многу помал, отколку откако власта почна кампања за брзи избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста