Родителите гневни, градинките ги притискаат да платат иако децата седат дома

Не стивнува револтот кај родителите чии деца одат во градинки во скопски Аеродром.. Градинките со клуч на врата се повеќе од три месеци, а родителите треба да плаќаат за услуга која реално не ја добиле. Се жалат дека градинките не престануваат да ги притискаат со пораки за да си ги платат сметките.

За деновите за највено и оправдано отсуство на детето, наплатата се врши така што родителот ќе го плати целиот износ за престојот, за секој нареден ден за најавено и оправдано отсуство ќе плаќа од 23 до 25 денари во зависност од бројот на работните денови во тековниот месец. Прво нашите деца не се отсутни, отсудна е градинката. И второ кои работни денови се тука во прашање? вели Марија Атанасова- Поповска-родител.

Анастасова-Поповска не е единствениот родител од Аеродром кој се соочува со овој проблем.

Повеќе од општините ги ослободуваат плаќањата од градинките. Мислам дека е нормално да не се плаќа од причина што тие објекти не биле отворени воопшто. Повеќе родители отсуствуваа од работа седиме дома, дури и платите на некои се намалени, не ги праќаме во градинка а сепак ни бараат да се плати. Е тоа зошто и ние го бараме одговор од општината што ни бараат да платиме а три месеци децата не присуствуваа- вели Горан Трајковски.

Овој проблем не е карактеристичен само за Аеродром, туку и за повеќе други општини. Бројни се поплаките на граѓаните кои реагираат и бараат да бидат ослободени од плаќањето за услуга која не ја добиваат. Посебно  периодов кога поради кризата од пандемијата, многу граѓани се соочени со намалени плчати, а дел и со загубени работни м,еста. Алфа повеќепати се обиде да добие одговор од градоначалникот на Аеродром Златко Марин, отидовме да гио побараме дури и во општината, но тој не се појави пред нашата камера.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста