„Егзит“ ќе се одржи од 13 до 16 август
Егзит оваа година ќе се одржи од 13. до 16 август, на 20 бини и зона ширум Петроварадинската тврдина, и тоа на површина од најмалку 90 отсто од вообичаениот капацитет. Како што се отвараат границите, така интересот за влезници се уште расте.
Со цел сите посетители и организатори да бидат соодветно заштитени, фестивалот ќе се одржи во соработка со здравствен тим на Владата на Србија.
Влезниците кои биле купени пред почетокот на пандемијата можат да бидат заменети.
КАТЕГОРИИ Балкан