Чулев предаде помош од МВР за „8 Септември“, Институт за јавно здравје и Ургентен центар

Министерот Наќе Чулев денеска во име на Министерството за внатрешни работи предаде заштитна опрема и средства за три јавни здравствени установи. Донацијата се состои од заштитни одела, маски и ракавици, а е намената за медицинскиот персонал во „8-ми септември“, Институтот за јавно здравје и Ургентен центар во Скопје.

При предавањето на донацијата министерот Чулев потенцираше дека докторите и медицинскиот персонал го даваат својот максимум и секојдневно го ризикуваат своето здравје за да спасат што е можно повеќе животи. Тој апелираше до граѓаните да се воздржуваат од контакти и да внимаваат да не се изложуваат на непотребни ризици односно да ги почитуваат донесените мерки и да останат во своите домови.

Донацијата на МВР е од помошта која пристигна во понеделникот од Унгарија, а во Скопје ја донесе унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијатро.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста