Бугарија да се извини за депортацијата на македонските евреи – барање од 50 меѓународни организации

Бугарскиот премиер да се извини за депортацијата на македонските евреи – 50 тина организации за верски слободи и човекови права во светот испратиле заедничко писмо до Кирил Петков во пресрет на одбележувањето на  79 години од нивната депортација во логорот Треблинка, каде биле убиени скоро сите над 7,000 Евреи од Македонија. Aктуелниот бугарски премиер да биде првиот кој официјално ќе ја признае и ќе се извини за депортацијата на 98 отсто од македонската еврејска заедница од страна на тогашното бугарско царство, вели за Алфа претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Мето Коловски, која ја поддржува иницијативата не меѓународните организации.

Меѓународните организации не отстапуваат од нивните ставови дека Бугарија има морална обврска да ја признае вината за минатото, и да преземе одговорност, по примерот на многу европски земји.

„Република Бугарија со укинувањето на пресудите во 1996 година донесени од Народниот суд во 1945 година, намерно ја брише својата мрачна историја и на тој начин ја искривува вистината за Холокаустот. Се надеваме оти ќе постапите правилно, и официјално ќе ѝ се извините на македонската еврејска заедница што ќе помогне да се залечат раните од минатото“, стои во писмото.

Но не само до Кирил Петков, бројните организации , писмото го испратиле и до државниот секретар на САД Ентони Блинкен, телата на Европската Унија и други меѓународни институциии.

Со ваквата реакција од бројни меѓународни организации, во вода паѓаат тврдењата дека за време на втората светска воја Бугарија не била фашистичка земја.

И додека повиците Бугарија да се соочи со совето минато стануваат се погласни од другите држави, Македонија е подготвена да оди контра ваквите ставови со цел да му удоволи на соседот.

Наместо Бугарија да се извини за направените злосторства кон македонските Евреи, ние од спомениците го брусевме бугарски пред фашистички окупатор, откако екс премиер Зоран Заев застана на страната на Бугарија, па во духот на добрососедските односи овие интервенции по спомениците ги оправда со тоа дека „давањето етнички карактеристики на фашизмот било неприфатливо.

Македонските власти во повеќе наврати изјавуваа дека Бугарија не била окупатор туку само администратор, дека не била фашистичка држава и слично.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста