Бројот на заболени во Тетово расте, болниците преполни, за властите состојбата не била сериозна

Со речиси секојдневни двоцифрени бројки на новозаразени,состојбата во тетовско со коронавирусот станува сериозна.Во моментов има над 200 активни случаи.Најголем проблем е криењето на контакти, избегнување на тестирање дури и кога пациентите имаат симптоми,лечење дома на своја рака,непочитување на самоизолацијата. Вирусот се шири насекаде, а ако продолжи игнорирањето на мерките,ќе станува се полошо, велат епидемиолозите.

-Значи има и контакти на потврдени и новозаразени,не може веќе да се зборува за кластери, затоа што секој е потенцијален заразен.Се среќаваме со заболени пациенти, кои не сакаат да ги кажат контактите,и ние работиме на тоа да ги ставиме сите во самоизолација, изјави Зорица Зафироска- Епидемиолог во ЦЈЗ Тетово

По најавите за нови мерки, тетовци се поделени.За едни сето ова е задоцнето, други сметаат дека треба да биде и построго, некои пак, и после толку месеци,не веруваат дека вирусот постои.

-Не постои,никогаш.Од Америка до овде, тоа е се политика, грип постоел секогаш.-вели тетовец.                                                                                                                          – За луѓето може и треба да биде уште построго, зошто не се послушни,смета друг граѓанин. Требаше да се спречи ова со време, не да се пуштат ваучери по одмори, по дискотеки, тоа е мое мислење.Ова е погрешно водење на политиката на комисијата -изјави тетовец

И додека бројките растат, болниците се полнат,лекарите алармираат, локалните власти ги нема никаде.Кризен штаб немало одржано уште од 5 август.Во општината ова го правдаат со тоа што периодов според нив, имало поголем број на оздравени од заболени и состојбата не била сериозна.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста