Болните со рак би можело да останат без терапија по Нова Година

Болните со рак би можело да останат без терапија по Нова Година

Има ли крај на голготата со недостиг на лекови за болните со рак? Онколошките пацинетите се во паника, и стравуваат дали после новогодишните празници ќе има биолошката терапија за сите болни. Алармираат дека лековите кои се најпотребни и најбрзо се трошат се оние за рак на дојка, дебело црево, метастази на коски, желудник.А тоа што е најопасно е ако се појави недостиг на оваа терапија, секое нејзино одложување, особено кога се работи за метастази е недозволено и драматично ја влошува здравствената состојба на пацинетите.

“Изјавите на дирекроката за неколку медиуми дека ќе се појави проблем после нова година со терапииите што кај пацинетите нормално предизвикува паника и нетрпение бидејќи нашите животи завиаст од тие терапии и е многу важно сето тоа да се знае пред време за да нема доцнење во примањето на терапииите” – вели Ана Марјановиќ, онколошки пацинет.

Дека постои опасност од недостиг на лекови после празниците, потврдува и директорката на онкологија.

 “Ризик постои, но правиме напори да ја менаџираме состојбата и доколку се случи недостаток на некој лек да трае кратко. Следи период и на долги административни процедури, но се надевам дека ќе се заврши се благовремено”– вели директорката на онкологија.

За разлика од директорката, министерот за здравство Меџити е дециден дека терапија ќе има за сите, иако од сите страни се шири информацијатата за ризикот од недостаток на биолошка терапија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста