Бишевац: Анкетите покажуваат значителна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Многу сериозно го сфаќам овој потег на Мицкоски како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ во обид на Македонија ако одиме по слоганот да и го понуди она што и јас лично мислам дека треба да се понуди, обнова и изградба на институциите на нашата држава, посочи аналитичарот Сафет Бишевац гостувајќи во денешната емисија Само Вистина на Канал 5.

Според Бишевац, секој доблесен и чесен човек гледа дека оваа држава и овој систем се распаѓа, односно како што рече тој Македонија не е правна држава.

Нема чесен, нема доблесен човек кој што нема да ви каже дека ние практично како систем всушност сме пред распаѓање. Ние немаме правна држава, ние имаме катастрофално образование, ние немаме никакво здравство, вели тој.

Бишевац додаде дека според анкетите ВМРО-ДПМНЕ има значителна предност ред СДСМ, потенцирајќи дека доколку се погледне анкетата на ИФИМЕС од Словенија, тогаш СДСМ е во предност но тоа е поради тоа што тој Институт е директно финансиран од СДСМ и затоа резултатите се такви какви што се.

Анкетите покажуваат дека во овој момент ако утре би се одржале изборите имаат значителна предност ВМРО-ДПМНЕ, смета Бишевац.

Ако му верувате на ИФИМЕС од Словенија тогаш анкетите покажуваат дека СДСМ ќе победи на следните избори, ама ако ви кажат дека владата на СДСМ го финансира тој Институт ќе ви стане јасно зошто резултатите се такви, изјави Бишевац.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста