Несторовски: Полска е фаворит, но дојдени сме по трите бода

Македонската нација се крена на нозе по триумфот над Словенија синоќа од 2-1. Сите љубители на фудбалот се еуфорични по одличните игри на нашите репрезентативци, но напаѓачот на Македонската фудбалска репрезентација Илија Несторовски во пресрет на дуелот со Полска, изјави дека Словенија е веќе минато и се сконцентрирани само на овој меч.

„Знаеме која е Полска и со какви играчи располага. Максимално сме мотивирани и дојдени сме да освоиме три бода или барем бод со што би ги одржале шансите за пласман на Европското првенство. Спремни сме за овој предизвик и тоа ќе го покажеме на терен“-изјави популарниот Нестор.

За потсетување Македонската репрезентација има мали проблеми во пресрет на овој значаен меч, откако на дуелот со Словенија ситни повреди заработија Алиоски и Адеми, кои сепак се очекува да настапат во недела.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста