Без собраниска виза и со директен потпис од Пендаровски, Фрчковски сепак ќе биде амбасадор во ОН

Не успеа во Вашингтон, ама затоа екс министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчковски ќе се вдоми во мисијата на ОН во Њујорк. По три години натегања колку што е и празно амбасадорското место, шефот на државата Стево Пендаровски одлучи да го забиколи Парламентот и да потпише указ со кој Фрчковски ќе се испрати во Њујорк. Неговото образложение е дека немало законски услов кандидатот на кој инситира Владата да помине низ собранискиот филтер.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи Антонио Милошоски пак вели дека Пендаровски незаконски го праќа Фрчковски во амбасадоркса мисија. Ваквиот амбасадор во Обединетите нации е нарушување на угледот на македонската дипломатија, а до одредена мерка и потценување на ставот на официјален Вашингтон кој што веќе го одбил Фрчкоски, дециден е Милошоски.

За експертите одлуката на Пендаровски е невиден преседан. Наместо јавноста преку расправа во Комисијата за надворешни работи да разбере кој е Фрчковски кој треба да ја претставува Македонија, шефот на државата со политичка одлука одлучи да го заобиколи цеиот процес и со указ за го испрати на амбасадорското место, вели за Алфа поранешниот амбасадор Ивица Боцевски.

Од она што во МНР го има како архивска меморија преку дописите од мисијата на Македонија при ООН, од 1993 година до денес не е забележан случај амбасадор на која било држава, кој бил одбиен за агреман во Вашингтон потоа да биде испратен за амбасадор во обединетите нации. Инаку Фрчковски не успеа да ја добие амбасадорската фотеља во САД откако беше спроведена цела кампања дека тој е лошо решение за таа позиција, па сега во нов обид ќе се вдомува во седиштето на Обединетите Нации.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста