Наставници од училиште во Лабуништа вонреден инспекциски надзор поради непочитување на протоколите

Вработените од основното училиште ” Мурат Лабуништи”од Лабуништа со претставка до Санитариот инспекторат во Струга-бараат итно да се изврши увид и вонреден испекциски надзор во училиштето и да се констатира состојбата со условите за работа во образовната институција,во која  настава посетуваат 1000 ученици. Вработните кои сакаат да останат анонимни,бидејќи како што навеле во претставката се плашат од мобинг на директорот-тврдат дека во училиштето воопшто не се почитуваат протоколите за заштита.Доколку не се превземе нешто, нашето училиште ќе биде нов кластер,велат-бидејќи заразата веќе е дијагностицирана кај тројца наставници.

  • Во училиштето не се врши дизинфицирање во просториите, има денови и недели кога воопшто нема нити сапун во тоалетите.Протоколот за растојани од 2 метра никаде не се почитува,седат во клупа по двајца ученици меѓу нив нема ни 20 сантиметри.Нивните родители не ги носат да се тестираат и да се евидентираат во бројката, меѓутоа имаме наставници во моментов тројца во изолација.И наставниците се групираат, во наставничката канцеларија во поголем број за време на одморите вели еден од наставниците .

Во училиштето се рашетуваат луѓе,кој како ќе стигне, помеѓу двете смени нема ниту 10 минути пауза,време кое не стигнува прозорците да се отворат, барем за да се проветрат просториите. Згора на се’ во селото во кое од почеток на пандемијата опасниот вирус зеде многу животи, сеуште има луѓе кои не веруваат дека ковидот постои,нема услови за одржување на хигиена,велат лабуништани кои ставуваат за своите деца.

  • Поголемите ученици што се во предметна настава не носат маски, хаос е во дворот гужва се стварат,ни родителите, ни возрасните, ни учениците не почитуваат никакви правила и протоколи.Меѓутоа најголем проблем  е што детето кога ќе сака на голем одмор да јаде нема водат да ги измие рацете, не може да одржува лична хигиена.Нема ни сапуни во тоалетите, нема ни вода, тоа постојано секојдневно го слушаме од детево од на школа кога ќе се врати вели еден од родителите.

Заради ваквата ситуација наставниците и другиот персонал бараат од директорот да се намали бројот од по 28 ученици во паралелка, основците да се поделат, а оние кои учат во погорните одделенија , наставата да ја следат онлајн.

Директорот Валон Мамуди,вели дека како и во секое училиште така и тие се труделе да ги почитуваат протоколите.Тој тврди дека дезинфекција се врши и дека им се мери температура на сите ученици.Немам информации дека влегуваат луѓе без маски,вели Мамуди ,нашето е големо учлиште со над 1000 ученици но ние сме организирани да ги спроведеме мерките за заштита.Тој потврди дека во моментов има тројца заразени наставници поради што една параелка ученици наставата ја следи онлајн.

Росица Голабоска

https://www.youtube.com/watch?v=KLSqUFqWTxY&feature=youtu.be
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста