Службените автомобили на паркинг, но затоа приватните со државно гориво кружат предизборно

Кој може да ги надмудри градоначалниците? Наместо службените возила во предизборниот период користат службени пари за да ги наполнат со гориво сопствените превозни средства. Граѓани пријавувале до Државната комисија за спречување на корупција дека локалните служби во предизборие на големо ги користат ресурсите од општинската каса. Антикорупционерите ќе пресечат и по кои пријави ќе отворат предмет.

Знаејќи дека ДКСК воспостави механизам да следи дали службените возила на институциите се користат за потребите на изборните активности, некои од градоначалниците трошат општински средства односно средстав од буџетот на општината за набавка на горива, кој се точи во други природни возила и тие се користат во изборни односно партиски активности кои се започнати пред време. Можеме во недоглед да набројуваме вакви активности а ќе бидеме и сведоци на нови со оглед дека допрва ќе се води кампањата но факт е дека тие не упатуваат дека учесниците во кампањата се трудат да настапуваат со личен односно партиски интигритет. Се наметнува и прашањето дали ваквиот начин на водење кампања ќе придонесе за фер и транспаретни избори и дали може да се зборува за интегритет на изборите?-прашува Катица Николовска-член на ДКСК.

На градоначалниците со закон им е забрането да го користат службеното возило за сопствени или партиски потреби а исто така е забрането да користат и средства од општинската каса надвор од потребите за локалната самоуправа.

Законот за спечување корупција и судир на интереси предвидува:

Секое службено лице е должно да ги чува државните средства што му се доверени и со нив да располага на најекономичен начин и однапред определени намени. Забрането е средствата да се користат за приватни цели или да се даваат на друг на користење. 

Од Владата пак на ДКСК и најавиле дека подготвуваат систем за регулирање на општинските трошоци, но засега е само најава. Антикорупционерите се убедени дека ќе ги надмудрат „криминалците“ иако како што велат тие секогаш се еден чекор понапред.

Првиот ризик за користење на службеното возило за приватни цели или за партиски цели до некаде го покриваме, и сметам дека со помош на граѓаните како најголеми опсерватори во изборниот процес ќе успееме во тоа. Меѓутоа, што се однесува до вториот ризик користење на горивото ние во ланската анализа за користење на службените возила укажавме дека не постои систем креиран од самите институции кој ќе дефинира на кој начин и како ќе се користат службените возила и сега Владата не извести дека презема некакви чекори во однос на тоа рече претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

Антикорупциска препорачуваат службените возила да бидат обележени за полесно да се познаваат не само пред и за време на изборниот процес туку и секојдневиот живот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста