Анкета: Кој е виновен за корупцијата и хибридниот режим во Македонија? ВМРО-ДПМНЕ дежурен виновник за неуспесите на власта

На граѓаните им се врзани рацете. Во земја со висока корупција не можат да го кренат својот глас, туку само да се прилагодат на околностите. Населението контра обвинувањата на власта дека граѓаните и опозицијата се виновни за лошите резултати во областите корупција, демократија и владеење на правото. Велат владите се менувале, но тие живееле се полошо и полошо.

Ставовите на СДСМ за одговорноста за високото ниво на корупција и ниското ниво на демократија се менуваат зависно од тоа дали се на власт или во опозиција. Пред повеќе од 4 години, премиерот, сегашните министри, директори и градоначалници  на големо обвинуваа дека тогашната  влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најмногу одговорна за лошите извештаи на „Транспаренси Интернешенел“ и „Економист“. Сега, пак, кога Македонија на ранг листите секоја година е се подолу и подолу, не гледаат грешки во сопствените редови. Еве како зборуваа членовите на СДСМ летото пред изборите во 2016-та година.

Македонија секоја година паѓа подолу во борбата со корупцијата. Најновиот извештај на „Транспаренси Интернешенл“ ја стави земјава на историски најлоша позиција до сега. Критиките се дека борбата против корупцијата во Македонија назадува, а состојбата не мрднала од мртва точка. Евидентен бил падот во владеењето на правото и човековите слободи и права. Во извештајот на „Економист“ пак, се бележат нови загрижувачки податоци за демократијата во Македонија. Угледниот магазин ја позиционираше земјава на 78-мото место, со што и официјално се најде  во групата на хибридни режими во друштво со Боливија, Сенегал, , Уганда, Бутан и Нигерија.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста