Аналитичари: Заев ќе ги прифати сите услови на Бугарија

Да не бараме алтернатива по секоја цена која во догледно би била тешко остварлива. Процесот има политичка димензија и води кон тоа дека мора да се дискутира со Бугарија и да се најде решение. Проширувањето е во застој, но случајот на Македонија е дополнително оптоварен од билатералните прашања, оценува за Алфа директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска, откако земјите членки на Унијата не утврдија фиксен датум за проширување на европското семејство .

По фијаското во Словенија, македонските власти побрзаа да се оправдаат , но Бугарија не отстапи од притисокот. Ги убеди европските челници дека додека Скопје не го исполни протоколот со 6 точки, нема како да се крене рампата за македонските интеграции. По ваквиот епилог аналитичарот и новинар Дарко Јаневски вели дека Заев ќе прифати се само да ги добие симпатиите на Меркел и Макрон.

Условите кои сега ги наметнува Бугарија уште на почетокот на годината ги најави екс министерот Каракачанов кој тогаш порачла дека ако македонската влада не потпише анекс од 12 точки не постојат шанси да се дозволи датум за преговори. Експресно тогаш шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, побрза да демантира дека не постои никаков Анекс. Сега таквите барања повторно ги актуелизира бугарскиот претседател но во форма на протокол составен од 5+1 точки.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста