Аналитичари: со автоцензурирани писма, до одвлекување на вниманието на македонците

Властите темпираа кога да испратат писмо до вселенската патријаршија, смета аналитичарот Владимир Божиновски, во врска со дописот од страна на шефот на државата Пендаровски до Вартоломеј. Божиновски вели одбран е токму овој момент за да се одвлече вниманието на јавноста од меморандумот на Бугарија која бара менување на историјата, но и од изјавите на првиот вицепремиер Груби за државни субвенции на приватните фирми кои ќе вработуваат луѓе од малцинствата во Македонија.

-Целата таа преписка е обид да се направи дефокус од типот на прашања на меморандумот што го испрати Софија, од барањата на главниот коалиционен партнер па и на помалиот коалиционен партнер Беса за некаква етничка регулација во приватниот сектор што е формално незамислива и едноставно ако таква некоја работа се примени ќе ја уништи кревката економија во Македонија, изјави аналитичарот Владимир Божиновски

Зошто во писмото на Пендаровски никаде не се споменува името на државата, ниту пак на луѓето кои живеат во неа, Божиновски вели дека власта сама на себе си прави автоцензура.

-Доколку сметаш дека си направил успех со тоа што си го променил името барем употребувај го тоа официјално име кое го користи збортот Македонија. Вака сега се доведуваат до состојба на автоцензура, додаде Божиновски.

Каде исчезна бетонираниот идентитет што го гарантираше власта ?  Зошто никаде не ја споменуваат Македонија. Последен пример е токму писмото на Пендаровски кое предизвика бура рекации, не заради содржината туку заради одбегнувањето на користење на името на државата.

На која црква, кој народ и која држава им се обраќа Пендаровски, односно чив претседател е ? Ако странец го чита ова негово писмо нема да знае кој функционер го пишувал, да не е насловот на самиот документ. 

Претходно во 2018тата година и премиерот Заев испрати замолница до  вселенскиот патријарх Вартоломеј за решавање на, како што беше наведено – решавање на црковното прашање на нашата земја. И од писмото на Заев, како пред два дена Пендаровски, не можеше да се разбере, во име на која држава се обраќа до вселенската патријаршија, а беше изоставено и името, МПЦ-ОА.

Мери Ѓоргиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста