Алфа сторија: Саохрана мајка не може да се всели во станот доделен од државата – Немал имотен лист

Изиграна од државата,33 годишната охриѓанка Марија Шиникоска која е самохрана мајка и жртва на семејно насилство, сред зима ќе остане на улица со три малолетни деца бидејќи не може да се всели во социјалниот стан кој и е доделен. Како лице со социјален ризик, владината комисија за станбени прашања на 14-ти јануари годинава донела решение со кое на Шиникоска и се дава под закуп стан со површина од 30 м2,се додека не го реши станбеното прашање. За да го користи станот во рок од 15 дена требало да склучи договор за закуп со А.Д за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор подружница Охрид-но ништо од тоа. Станот кој го добила од државата, нема имотен лист.

Нека ни кажат веќе ако имаше проблем, зошто ми го доделија овој стан,нека ми доделат друг стан ако има проблем со имотен лист.Се’ мислам дека ќе завршиме на улица, не ми е за мене, туку заради децата да не завршиме на улица,а каде ќе одиме оваа зима ние вели Марија Шиникоска-самохрана мајка.

За ова,Марија писмено се обратила до сите надлежни иституции но одговор нема.

-Дали некој ќе сноси одговорност за ова непостапување и изживување врз мене и моите деца? Зарем малку беше семејното насилство, па сега уште и насилство од институциите да трпиме поради нивната неспособност да најдат решение и конечно да се вселам во доделениот стан- стои во писмениот допис на кој сите се оглушуваат. Да биде маката уште поголема,самохраната мајка со помош на добри луѓе успела да го опреми празниот стан,за на крајот уште не вселена,да и го одземат клучот.

Само другите организации што ми помогнаа многу што ми излегоа во пресрет за храна и за се’,а моментално сега останав и без работа вели Марија Шиникоска-самохрана мајка за Алфа.

И додека Марија која од денес е без работа и се мисли каде да најде покрив над глава за своите деца на една, три и пет годишна возраст, директорот на  А.Д за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор подружница Охрид,Благоја Грозданоски вели дека ова е еден од становите за кои со записник и комисија е извршено примопредавање од министерството за одбрана на претпријатието.Станот нема имотен лист,за ова го известив и државниот правобранител, вели Грозданоски кој тврди дека покрај овој , уште неколку други станови и во останатите градови кои го добиле од одбрана се без имотен лист.Тој упатува проблемот да го реши Владата.

За сето ова ќе ги известам сите можни домашни и меѓународни институции кои се грижат за заштитата на правата на децата,како во Макеоднија се кршат основните човекови права и како една жртва на семејно насилство со своите деца ќе заврши на улица-вели Шиникоска.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста