ВАРДАР ГОСТУВА КАЈ КИЛ (20.45) ВО ОБИД ДА НАПРАВИ ПРЕСВРТ ВО ЛИГАТА НА РАКОМЕТНИТЕ ШАМПИОНИ

Вардар вечерва од 20.45 игра кај Кил во уште еден од тешките дуели со звучни противници во оваа проблематично, според досегашните резултати, издание во Лигата на Европските ракометни шампиони. Црвено црните веќе загубија пред месец и половина и тоа во Скопје од популарните германски зебри со 29-26 што заедно со сознанието дека на северот од Европа не заминаа и Ристовски и Граџан ги прави сериозни аутсајдери. На Скопјени кои моментно се шести во А групата со пет бода им е неопходен меч за пресврт бидејќи тековната негативна серија се оддолжи на пет средби, а и затоа што Загреб кој е зад нас има 4, додека Брест кој вчера изненади кај Елверум со 33-32, поседува три, па се проблематизира нашето место во осминафиналето. Инаку денеска освен дуелот на Кил и Вардар во Б групата играат и : Веспрем и Динамо Букурешт, ПСЖ и Киелце и Барселона против Порто на Никола Митревски.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста