Децата со попреченост во Општината Чешиново-Облешево немаат дневен центар

Децата со попреченост во Општината Чешиново-Облешево немаат дневен центар

Вистински предизвик претставува секојдневната ресоцијализација на децата со попреченост од Чешиново-Облешево. Во нивната општина нема дневен центар, па за да ги користат услугите со кои ќе ги подобрат своите животни вештини, мора да патуваат до околните градови како што се Кочани или Виница.

   „Во нашата општина има 16 деца со попреченост. Од нив 10се момчиња. Со отварање на таков центар во нашата општина ќе се подобрат нивните вештини и знаења, во зависност од самиот степен на попреченост„ изјави Сања Тасова, граѓанска активистка на  Girls power.

Секојдневното патување до Виница или Кочани, сериозно удира по семејниот буџет, бидејќи родителите децата ги носат на сопствен трошок.Освен отварање на дневен центар потребно е да се размислува и во насока на зголемување на паричниот надоместок наменет за децата со попреченост.

  „Претставува вистински проблем и голем трошок за самите родители. Социјалниот додаток што го добиваат од државата е многу минимален. Нашата цел е да се овозможи но и да им се помогне на овие родители со што ќе добијат финансиска, морална но и психолошка поддржка за да можат подобро да функционират„ изјави Тасова.

  Доколку би се прифатила граѓанската иницијатива и во Чешиново-Облешево се отвори дневен центар , во него ќе се згрижуваат деца и млади лица до 26 годишна возраст. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста