Штипската полиција само статистички се справува со кражбите, но не и на терен

Штипската полиција само статистички се справува со кражбите, но не и на терен

За 32% намален криминалитетот во Штип, но се чини, не и на улицата „Солунска“. Само неколку часа откако жителите јавно проговореа за стравот со кој живеат поради секојдневните кражби,  вчера се случил нов грабеж.

… Овие амтерски снимки направени со мобилен телефон, покажуват во каков хос сопствениците ја затекнале куќата на своите покојни родители. Се претпоставува дека кражбата е извршена во попладневните часови, а украдени се златно ланче, часовник и постелнина

 И од СВР-Штип ја потврдија кражбата. Според информациите вчера во 16 часот, 63годишна Штипјанка пријавила некој, насилно употреба  влегол во куќата од каде се одземени ланче, часовник, куфер со везени чаршафи и матријали за шиење. Жителите на штипската улица „Солунска„ подолго време се соочуваат со кражби, а помош за да се ослободат од животот во кафез, побараа и од градоначалникот Јорданов. Тврдат дека живеат во домови, оградени со железни огради и мрежа, а  крадците се присутни во нивната улица буквално секој ден…  

Само што си ја сварив ракијата, околу 60литра ракија целата ми ја зедоа, па и акумулаторот. На камерата се гледа кој е. Пријавивме во полиција, ми рекоа ништо не можат да направат, бидејќи биле гласачко тело“ се жали Трајче Наумов, жител на улицата Солунска Во штип.

  “На секое лаење на кучето стануваме. Право да ви кажам позади вратата чувам шипки, за недај боже да се одбраниме. И на судот кажав јас морам да се вооружам“ објаснува Трајче

СВР-Штип вчера го демантираше градончалникот Јорданов, кој пред граѓаните на „Солунска“, рече дека и покрај сета комуникација што ја имал со надлежните, се чини, дека тие се незаинтересирани за проблемот.

Од штипската полиција тврдат, дека криминалитетот во изминатите девет месеци, споредбено со истиот период лани е намален дури за 32%. Наспроти ваквата полициска статистика, жителите на улицата „Солунска“, тврдат дека се постојана мета на крадци, па поради тоа побараа 24 часовна полициска контрола. 

Александра Ристеска

https://youtu.be/yAyrVBTLHj4

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста