Диви паркинзи во Чаир „вртат“ огромни суми, надлежните си ја префрлаат вината

Диви паркинзи во Чаир „вртат“ огромни суми, надлежните си ја префрлаат вината

Дивите паркинзи околу Бит пазар, „ничија земја„. Нелегално вртат илјадници денари дневно, а никој не е надлежен за да се справи со нив. Тие во најголем дел се наоѓаат околу поликлиниката, па граѓаните кои мора да одат на лекар, приморани се да платат иако паркираат на државно земјиште. Велат, овде не владее закон.

Алфа ТВ упати прашања до неколку надлежни инститции, но, сите си ја префлраат одговорноста. Од Општина Чаир се оградуваат, велат, други се надлежни. 

  • „За неиздавање на фискални сметки за дадената услуга како и нерегистрирани субјекти кои вршат активности, исто така, ние како Општина немаме надлежност да пристапиме, тоа е надлежност на УЈП и ДПИ“ стои во одговор од Општина Чаир.

Од државниот пазарен инспекторат се правдаат, велат, тие си ја завршиле работата, а на потег бил државниот комунален инспекторат.

  • „Извршен е надзор од наша страна на конкретната локација која ја посочувате, а информација и барање за постапување се испратени и до Државен комунален инспекторат. Постапката е сеуште во тек и по звршување на истата, ќе испратиме конечни информации“ велат од државниот пазарен инспекторат.

И од државниот комунален инспекторат ја префрлаат надлежностa. Одговорни биле од Град Скопје.

Од Град Скопје пак, не добивме било каков одговор.

Плаќаш сега, а фискална наводно добиваш кога ќе се вратиш. Цените на двитие паркинзи околу Бит пазар се движат од 30 до 50 денари, без појаснување за колку време се плаќа.

Нејасно е како никој нeма целосна надлежност да се справи со дивите наплаќач на паркинг, проблем кој се провлекува со години. Имајќи предвид дека јавните претпријатија за паркинзи се едни од најбогатите, станува јасно дека и оние кои на диво оперираат како квази паркинг претпријатија, нелегално се стекнуваат со вртоглави суми на пари, а надлежните намерно или не, не мрдаат со мал прст, иако се запознаени.

Инаку, во допис до Алфа ТВ, од Државниот комунален инспекторат, велат дека до нив не е доставен службен допис од институциите, во однос на дивите паркинзи околу Бит пазар.

  • „Во врска со Вашата објава на вчерашните вести на ТВ АЛФА , во кои јавно се споменува Државниот комунален инспекторат како надлежен орган во делот на „наплатата на дивите паркинзи„ Ве известуваме дека Државниот комунален инспекторат постапува согласно член 33 од Законот за комунални дејности, односно врши инспекнциски надзор над јавни претпријатија за комунални дејности основани од страна на Владата на РСМ, како и правни и физички лица на кои од Владата на РСМ им е доверено вршење на соодветна комунална дејност…“ – Стои во дописот од раководителот на одделение за инспекциски надзор при Државен комунален инспекторат, Ристе Георгиев.

Оттаму додаваат дека е надлежни органи се општините и Градот Скопје, кои согласно законската регулатива се директно вклучени во решавање на проблемот.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста