Албанските власти со конкретни бројки, македонските збунети околу точниот број на вакцини од „Фајзер“

И Албанија пред Македонија ќе ја купи анти ковид вакцината од производителот „Фајзер“. Албанскиот премиер Еди Рама се пофали оти Албанија договорила набавка на 500.000 вакцини – од нив над 10.000 дози во земјата да стигнат до крајот на Јануари, уште 30.000 во Февруари.

А министетрот за здравство Венко Филипче се заплетка во бројките. Вчера тврдеше оти знаел точно колкава количина од фајзеровите вакцини треба да стигнат во земјава. За бројкте не сакаше да зборува со изговор оти така го замилил производителот.

„Не замолија од компанијата да не се објавуваат дозите инаку точно знаеме колку дози треба да стигнат во Фервуари, колку во месец Март и во Април. Имавме во континуитет, повеќе денови минатата недела разговори, телефонски и преку имејл со компанијата Фајзер и мислам дека е тоа политика која успеаа да ја имплементираат заради зголемување и на дел од новното производство“, рече Филипче.

Денеска пак од здравство со поинаков одговор – точната количина на вакцини се уште е предмет на преговори со „Фајзер“. Од Министерството велат оти за деталите јавноста ќе ја информирале во текот на следните недели. 

„Во моментов произведувачите на вакцини се соочуваат со голем притисок за производство, како би ги задоволиле потребите со вакцини на светско ниво. Министерството за здравство доби потврда дека првите дози вакцини ќе пристигнат во нашата земја во февруари, потоа ќе следува испорака на вакцини од овој производител во март и во април“, велат од Министерството за здравство.

Речиси сите земји од соседството ја започнаа вакцинацијата против корона вирусот. Србија беше втора земја во Европа каде стартуваше имунизацијата токму со вакцината на „Фајзер“. Таму вакцинацијата почна на 24 Декември, а замјата во првата пратка доби близу 5000 дози.

Земјите од ЕУ, вклучително и Бугарија и Грција вакцинацијата ја стартуваа на 27 Декември.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста