Алармантно и во Прилеп, болницата преполна, бројот на заразени секојдневно двоцифрен



Состојбата со ширењето на короната, во градот под марковите кули станува се поалармантна. Прилеп со денови има двоцифрени бројки на новозаразени, заради што денеска пак заседавше кризниот штаб. Според директорот на болницата, д-р Драган Богоески, меѓу заразените се и 10 лица, медицински персонал, но тој уверува дека и покрај тоа, ситуацијата била под контрола. Исто така, и капацитетот на инфективното одделение е преполн. Таму, во моментов се хоспитализирани 36 пациенти, иако место има само за 30. Во исто време, заради големиот број на заразени, затворени се и две текстилни фабрики, како и една помала детска градинка, а додека во друга, дел од персоналот и деца, ставени се во изолација. Слична е состојбата и во неколку училишта, информираше градоначалникот Илија Јованоски. Од денеска се воведуваат и построги, односно рестриктивни мерки во работењето на градскиот пазар, како и на јавниот градски сообраќај. Од почетокот на пандемијата досега, во Прилеп починаа дури 49 лица.


КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста