Аџибадем Систина става пет мобилни болници на располагање на граѓаните

Клиничката болница “Аџибадем Систина” покрај слободните капацитети и респираторни машини кои по потреба ги стави на располагање на граѓаните на Македонија, по претходен договор со Министерството за здравство, дополнително располага и со мобилни болници со кои ќе ги зајакне капацитетите за сместување на пациенти.

Аџибадем Систина располага со 5 мобилни болници – шатори кои може да се транспортираат низ целата територија на земјата. Мобилните болници имаат сопствен приклучок на струја, а во истите по потреба ќе се инсталираат респираторни машини и сета друга неопходна медицинска поддршка за третман на пациентите. Овие 5 мобилни болници се опремени со кревети оддалечени на растојание од 2 метра и нивниот вкупен капацитет е 70 легла.

Овие мобилни болници доколку се јави потреба целосно ќе бидат на располагање на граѓаните на Македонија заедно со медицинскиот тим на Аџибадем Систина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста