Пет нови случаи, бројката заразени од коронавирус порасна на 31

5 нови случаи на заразени со Корона вирус во Македонија. Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид 19 денеска е 8 лица, со што во државава сега има 31 регистриран  пациент. Министерот за здравство истакна дека од овие 5 лица 4ца се медицински лица од Дебар, а петтата е сопругата на пациент кој тестот го правел во приватна  болница вчера, а денеска од институтот за јавно здравје ги потврдија резултатите. Филипче кажа и дека двајца доктори од клиниката за пулмологија ќе бидат прераспределени во дебарската болница за да надополнат капацитетот на персоналот.

Тој истакна дека денеска слетал и авион од Брисел со македонски државјани, кои ќе бидат прегледани затоа што дел од нив имале симптоми.

На новинарско прашање дали еден од заболените е сопственик на компанија со повеќе вработени, министерот истакна дека не сака да навлегува во шпекулации и повтори дека медицинските лица си ја вршат секојдневно работата.

Според министерот Филипче, не е исклучена веројатноста бројката на заразени во земјава да се искачи на 2000, а пикот на заразата според предвидувањата на епидемиолозите се очекува за еден месец. Надлежните велат дека мерките за заштита од корона вирусот, кои секојдневно ги носи Владата, ќе се заоструваат ако тоа се покажело како неопходно.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста