Aнкета на МЦМС – Владата на Ковачевски доби 2-ка од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ има значително повеќе симпатизери од СДСМ

Владата едвај доволна, доби преодна оценка, ја оценија со само двојка. Паѓа довербата во тимот на Димитар Ковачевски, значително расте кај опозцијата. Ова го покажува анкетата на агенцијата М Проспект, направена за потребите на МЦМС

Двојно повеќе од анкетираните немаат доверба во Владата, во однос на оние кои имаат. Дури 63,7 проценти од граѓаните не веруваат во оваа власт, додека на Ковачевски и останатите министри им веруваат 34,2 проценти. За само 16,8 проценти од испитаниците државата се движи во правилна насока.  

Кога санува збор за оценката за работа на Владата во првите 100 дена, 65,1 процент рекле дека очекувањата не биле исполнети, додека задоволни од стореното на владиниот кабинет се 33 проценти.

Речиси две третини од граѓаните сметаат дека во 100-те дена на Ковачевски, нивниот живот се влошил, додека пак 29 проценти од анкетирани сметаат дека останал ист.

Сиромаштијата и невработеноста се најголемиот проблем за 30 проценти од граѓаните, а за една четвртина од нив односно 25,9 тоа е корупцијата и криминалот.

Најголема доверба од функционерите ужива вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Подолу на таа листа се Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, Министерот за финансии, Фатмир Бесими и неговиот колега од транспорт и врски Благој Бочварски, сите со ист резултат.

Според оваа анкета 36,3 проценти од граѓаните сметаат дека најдобар пат за излез од кризата и се она што и се случува на Македонија се изборите, високи 30,4 отсто сметаат дека е потребна целосна мобилизиција за надминување на проблемите, односно формирање на широка Влада, додека само 23,3 проценти се ставот дека во моменталните кадри кадри на Илинденска има капацитет да продолжат успешно да се справат со кризата.

Според анкетата на М Проспект, Владата секојдневно губи во очите на граѓаните. За симпатизери на Ковачевски и неговите партиски колеги се изјасниле само 14,6 проценти, додека симпатизери на партијата предводена од Христијан Мицкоски се 20,7 отсто, кај македонскиот политички блок трета е Левица за која симпатии покажуваат 5,2 проценти. Откако оваа агенција ги врши мерењата, ова е најголема разлика на бројот на симпатизери на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на СДСМ.

Кај албанскиот политички блок веќе и традиционално најмногу симпатизери има партијата на Али Ахмети, односно 7,8 проценти, Алијанса за Албанците е на 2,9, доека БЕСА на 2,3 отсто.

Анкетата е направена преку телефонски пат, на национален репрезентативен примерок од 1005 испитаници, а спореведена била од трети до 13-ти мај годинава.

Новинар: Бојана Златкова

Монтажа: Бобан Цветановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста