Македонија нема ни систем ни закон за ефикасно планинско спасување?

Македонија не само што нема ефикасен систем на планинско спасување, туку нема ни закон. Оваа исклучитечно сензитивна дејност во нашата држава,институционално не е решена,планинското спасување воопшто не е прецизни дефинирано.

Во земја каде што 75 % од површината се планина, каде што најголем дел од имиџот кај туристите е дека ќе дојдат, ќе планинарат,да немаме организирано планинско спасување, е повеќе од катастрофа рече Костантин Циривири-Национален Сојуз за спасување на планина.

Импровизација со квалитетот и со безбедноста во планинарењето може да го уништи имиџот на дестинацијата.Имаме центри со најсовремена опрема и кадар  обучен според препораките на Меѓународната комисија за алпско спасување,но тоа не значи ништо ако спасителите немаат јавни овластувања.

Еве пример ќе Ви кажам просто,во моментов е активиран бројот 112 кој што е број на целата територија, ако некој се јави во моментов со проблем на планина, едноставно системот 112 нема конкретен одговор, нема протокол каде да се обрати вели Антонио Додевски-раководител на П.С.С.

Како држава, не не’  освести нити трагедијата што се случи на Кајмакчалан пред 4 години кога загинаа младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски.За несреќата никој не понесе одговорност,случајот тапка во место,што за странците е непојмливо.

Треба да се покрене постапка, мене некој да ми настрада, јас правдата би ја барал на суд,би барал да се посочи виновникот.Судот мора да каже кој е крив.На улица имате сообраќајни знаци, знаете дека на семафор се застанува, знаете што значи стоп.Ако ги тргнете тие знаци, тогаш ќе биде хаос.Истото е и на планините, вие мора да се погрижите за сигурноста,кога некој ќе одговора тогаш луѓето  ќе се подзамислат и ќе речат во ред, што можевме да промениме рече Јосип Граниќ- Хрватска ланинарска служба за спасување.

Трагедијата се случи поради системски пропусти на секое ниво. Се додека не дефинираме закон за планинско спасување и не ги дистрибуираме одговорностите, не дефинираме кој  за кој сегмент ќе биде одговорен, ние нема да имаме ефикасно планинско спасување-вели Костантин Циривири од Националниот Сојуз за спасување на планина.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста