Љубаништа, Пештани – Туристички најпосетени а неурбанизирани и полни со дивоградби, кој е кочничарот?

Без исклучок,буквално нити едно село во охридскиот регион не е урбанизирано,секоја од постојните куќи е класична дивоградба. Мештаните не можат да ги легализираат своите објекти, затоа што населбите никогаш не се урбанизирале. Од овие причини не можат да го развиваат руралниот туризам,посебно крајезерските села како Пештани,Љубаништа но и Елшани кое има неповторлива езерска панорама и живописна природа во која уживаат бројни странски туристи.

Па кочница е тоа што нема помош,не може секој да си дозволи да направи апартмани, со овие плати не може ништо, дали да им останат пари за дома или да инвестираат во други работи. Дали на тој начин сметаш дека ќе ги задржите луѓето овде да не се иселуваат во гратските средини ?Па ако има помош од државата и општината би се задржале тука. Претежно бегаат заради финансиски проблеми-вели Кире Рубаноски од село Елшани.

 Кога им го поставувам прашањето зошто не посетувате баш нас, зошто не престојувате во некој хотел,ми одговараат дека хотелот им е секаде ист и во Шпанија и во Англија и во Македонија.Сакаат да запознаат еден регион, затоа сме и посетени вели Александар Стевоски од село Елшани.

 Ако сакаме напредот на Охрид и развој во вистинска смисла на зборот мора итно да се носат урбанистички планови, вели градоначалникот Пецаков.Постапката е во тек,но урбанизацијата на најатарактивните села е блокирана поради сеуште недонесените планови кои под притисок на Унеско до сега требаше да бидат готови.

Нас ни е потребно итно донесување на ДУП-ови усогласени со Планот за управување на Охрид и не е битно дали се работи за градска, приградска или селска средина, ние мора да ја завршиме таа урбанизација побрзо и да ставиме  буквално ред.Она што направило Охрид и охридските населби и села да се без урбанистички план долги години, создава само дополнителен број на дивограби и ништо друго-вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Дваесет и едно село нема урбанистички планови, што значи поголем дел од градот не е урбанизиран.Од тука и бројката на дивоградби во Охрид и охридско е преку 12.000,отворено кажува градоначалникот Пецаков.Во една ваква ситуација бидејќи не можат да обезбедат гола егзистенција,цели семејства се иселуваат во странство,таков е случајот со село Елшани.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста