Расколот во ДУИ го достигнува плафонот – Ахемти, Груби и Османи губат контрола врз клучните општини

Реконструкција на Влада, можни предвремени парламентарни избори, паралелни собири на граѓани поддржувачи на исти партија – расколот во ДУИ го достигнува својот плафон.

Она што треба да се посочи, барем според дел од аланитичарите е дека партијата на Ахмети се соочува со огромни пресвртници особено на локално ниво. Главните општини каде е доминантно албанското население обично припаѓаа на Ахмети, но со расколот ситуацијата се менува. Градоначалниците на Чаир и Сарај се најгласните меѓу фракционерите. ДУИ на изборите ги загубија и Тетово и Гостивар, во Кичево ДУИ добија градоначалник, но Лимани внукот на Ахмети не престанува со нападите кон партијата, мирно од поглавните општини е само во Струга.

Аналитичарите објаснуваат, фракционерите се поголема сила земаат во изборната единица 1 каде интегративците беа најсилни. Атанасовски вели незадоволната група на ДУИ е во залет и собира народ по собирите иско како и ДУИ, ако не и повеќе.

Излегува дека колку и бизарно и противречно да звучи најголем политички  противник на ДУИ моментално е огнената група од ДУИ која има свои кадри внатре и своја поддршка внатре, односно на ДУИ му се случува ферментација и ако Ахмети тоа не го изменаџира може ад гледаме преполовување на ДУИ, вели за Алфа Благојче Атанасовски – аналитичар.

Дека ДУИ ја губи контролата на локлано ниво, тврди и Клековски кој за Алфа вели дека расколот во ДУИ е уникатен.

Она што ова го прави различно од другите поделби во нашите партии е дека фракцијата во ДУИ има големо влијание на локално ниво и кај градоначалничката структура бидејќи палраментарните избори би биле обид за пресметка со таа група, односно тие веќе нема да бидат кандидати за пратеници и така Груби би се консолидирал во Собранието, меѓутоа не би се консолидирал на локално ниво, што го прави расколот во ДУИ прилично уникатен. Едно е кога треба да елиминирате пратеници,а друго е кога треба да елиминирате градоначалници кои се избрани со мнозинство гласови и не може да се отповикаат, вели за Алфа Сашо Клековски – аналитичар.

Дел од познавачите на тематиката велат дека токму заради кавгите во ДУИ, интегративците на мала врата сакаат да протнат избори, бидејќи како времето поминува состојбата во партијата на Ахмети се разжестува, брзи избори се решение за партијата од Мала Речица да претрпи најмала штета.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста