Ќе им донесе ли новата година повисоки сметки за вода на штипјани?!

Се уште е неизвесно дали новата година ќе донесе и нови повисоки сметки за вода на штипјани. До крајот на неделата Државната регулаторна комисија треба да даде насоки дали ќе има корекција во цената на кубик потрошена вода која според рамката не треба да биде повисока од 36,25 денари. Новите  пресметки ќе се должат на планот на Регулаторна за период од 2021 до 2023, со кој се утврдува колку може да биде минималната и максимална цена на кубик вода.

„Извештај е направен и е доставен до Регулаторна комисија и сега по нивна методологија ја утврдува цената на водата. Така да за 2023година ќе видиме кои насоки ќе ги добиеме коишто се по закон од Регулаторна комисија„-изјави Трајан Коцев, в.д на ЈП„Исар„-Штип.

Кочани засега не најавуваат покачување на цената на водата, но таму ќе се врши усогласување на цената на геотермалните води, која ќе зависи од висината на цената на мазутот. Светиниколчани пак ќе плаќаат повисока ѓубрарина. На последната седница на Совет е донесено одлука ставката за ѓубрарина да поскапе за 25%. Зголемувањето на овие ставки надлежните ги правдаат со ударот од енергетската криза  поради која во изминатиот период многу комунални претпријатија одвај преживуваат.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста