Две години од несреќата кај Ласкарци-сеќавањата на преживеаните свежи, траумите вечни

Свежи сеќавања,трауми, измешани емоции,многу повреди што ќе ги следат до крајот на животот,но,бескрајна благодарност на Бога што се живи-Илија и Горан од Гостивар се дел од преживеаните во кобната сообраќајка што се случи пред две години кај Ласкарци.Моментите на ужасот им се секојдневно во мислите-врисоци, молби за помош,плач.Пред камерата на Алфа,се навратија и раскажаа за денот, кој нема да го заборават,но,и не посакуваат никому да му се случи.

И по две години,жалат што случајот сеуште нема судска разрешница,но,велат дека не веруваат оти ќе има правда.

Автобусот на “Дурмо турс” со 51 патник, под сеуште необјаснети околности, излетал од коловозот на автопатот Скопје –Тетово, кај Ласкраци,пробивајќи ги банкините, паднал и се превртел на стариот дел од патот.Во несреќата загинаа 16 патници,сите од гостиварско, а повеќе од 30 беа повредени.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста