„Зоки“ не се плаши од „Боки“: Ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се зачленат во СДСМ и да го изгласаат Јовановски

Боки 13 сега стана шоумен и криминалец за премиерот Зоран Заев. Хармонијата меѓу лидерот на СДСМ и Бојан Јовановски, почна да се распаѓа пред година и половина, а станува уште полоша по најавата на Боки 13 дека ќе се обиде да му го одземе партискиот престол на Заев. Заедничките пријателски фотографии, па дури и во премиерскиот кабинет, беа заменети со навреди кон Боки 13. Откако прво беше педер, сега стана и криминалец според премиерот, иако се уште не е правосилно осуден.

-Заради тоа што премиерот по сите основи не се осудил да прифати барање да му се помогне на Боки 13, туку како и сите граѓани си одговара по слово на закон, по буквар како што се вика , како и што секој во државата треба да одговара. Веројатно се случуваат веќе вакви шоуа од страна на шоуменот Боки 13, односно криминалец потврден со судска пресуда во овој дел, изјави Заев.

Заев вели и дека според партискиот статут, Боки 13 не може да биде кандидат на лидер, вели ова е еден вид сатира, а ги повика и членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се зачленат во СДСМ, и да го изберат Јовановски за шеф на партијата.

-Прво треба да си направи реевиденција, да биде член, после тоа да има најмалку пет години членство во СДСМ. И може да се собере членство на ВМРО-ДПМНЕ да дојде, кое што ќе застане зад Бојан Јовановски и автоматски да направат пресврт во власта, кој што го најавуваат, секако сето тоа е една сатира, изјави Заев.

Боки 13 беше запрашан за својата кандидатура, вели не смеел да дава изјави за медиуми, а официјално ќе зборувал неговиот адвокат Сашо Дукоски. Конгресот на СДСМ е закажан за нешто повеќе од еден месец, поточно на 21 март.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста