Пад на водостојот на реките во Македонија

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека нивото на реката Вардар е пониско на сите мерни места, освен кај Демир Капија. Пониско е и нивото на Лепенец, Пчиња, Црна Река и Црн Дрим.

На исто ниво како вчера е водостојот на Брегалница, Крива Река, Радика и Сатеска.

Мал пад на нивото има и кај Дојранското и Преспанското Езеро, а Охридското Езеро е на исто ниво како вчера. (МИА)

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста