Дали е социјализмот можен? Промоција на последното дело на Александар Грличков

Македонското прашање во Егејска Македонија, развивање на пазарна економија и политички плурализам како и издигнување на урнатото Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963, за овие работи се залагал последниот претседател на социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија, Александар Грличков. Ова беше кажано на промоцијата на неговото последно дело „Дали е социјализмот е можен“ по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Според првиот социјалист Љупчо Димовски пораката на книгата е градење на национално единство, а социјалистите заедно со своите коалициски партнери треба да се пример за останатите во општеството.

Во самата идеја иницијатива и реализација за издавање на книгата го манифестираме единството помеѓу СПМ И ВМРО ДПМНЕ, тоа треба да е  пример за сите оснатати политички субјекти и делови од општеството да го градат тоа единство. Само на тој начин може  да си ја задржиме државата и да си го сочуваме народот, вели Љупчо Димовски, претседател на СПМ

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски потсети на залагањата на Грличков за решавањето на прашањето на Македонците во Егејска Македонија, за кое не успеал да се избори поради блокадата од тогашниот претседател на СФРЈ, Лазар Колишевски. Според Николоски, постои генерациска грешка во деведесеттите кога наследниците на Сојузот на комунисти, социјалдемократите се посветиле, како што рече на уништување на Македонија низ транзицијата, наместо на оздавање на потребниот дијалог потребен во тој период. 

Националните политики на таа политички партија која воошшто ен ги одразува корените на оние на кои се нарекуваат наследници, а тоа е оваа политика којашто денес ја води СДСМ ни малку не наликува на политиката којашто ја водел Грличков кон Грција и кон Бугарија.Напротив, вели Александар Николовски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ

 Александар Грличков извршувал повеќе значајни функции во Социјалистичка Република Макеоднија, СФРЈ и Сојуз на комунистите на Југославија. Тој бил премиер на Македонија во 1963тта година каде дал голем придонес за изграба на урнатиот град. Како поборник за социјализмот има објавено стотина трудови, а денешната промоција на книгата е неговото последно дело.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста