Цените и натаму високи – Доматите станаа луксуз, краставици може да се најдат поевтини во маркетите

За Бајрам цените на пазарите попристијни во однос на велигденските празници, но и натаму се високи. Граѓаните велат дека сепак е скапо и не можат да си купат се што планирале. Есапот дома и есапот на пазар, велат не е ист. И трговците признаваат дека нема големо намалување на цените, затоа што сите производи посочуваат дека се увезени.

Овошјето и зеленчукот со попристојни цени за Бајрам во однос на Велигденските празници, иако тие и натаму се високи, поготово на зелените пазари. Граѓаните се пожалија дека поради скапотијата не можат да си купат се што планирале. Велат дека доматот на пазар може да се најде за околу 150 денари, а краставиците одат од 90, до 120 денари, а во дел од маркетите се наоѓаат и за 70 денари за килограм. Килограм краставици пред две недели се продаваа за околу 200 денари.

  • Скапо е огон, што да правиме, мора да се купи по нешто. И покрај тоа што кажаа дека ќе има намалување, гледаме дека нема ништо од тоа. Срамота. Ни државата, ни Влада, ни ништо. Ова е невидена работа, ама мора да се купи по нешто, по едно две парчиња и така ќе поминеме, реагираат муштериите кои дојдоа да купат нешто на зелените пазари.

И трговците кои речиси цел ден се на пазар признаваат дека нема големо намалување на цените, зашто производите доаѓале од странство.

Инаку, мерката за замрзнати цени на овошјето и зеленчукот истекува крајот на месецов. Министерството за економија за следниот месец најавува нови мерки.

Од Владата по кој знае кој пат рекоа дека казни за непочитување на мерката ќе има, ама кога никогаш не кажаа. Според последната изјава на министерот Бектеши после празниците ќе ги објавеле имињата на оние кои ја прекршиле одлуката. Оние кои сериозно го оштетија државниот буџет беа увозниците на овошје и зеленчук кои во Царина прикажувале лажни фактури за дебело да профитираат.

Колку за потсетување, откако владата ги ограничи цените на овојшјето и зеленчукот, доматите и краставиците ги снема од рафтовите на маркетите, а на зелените пазари се продаваа три парти поскапо.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста