54 СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО, ЌЕ СЕ РАСПРАВА ЗА ПОВЕЌЕ ЗАКОНИ

Во Собранието денеска на 54-та седница ќе се расправа по дополнетиот предлог на Буџетот на Република Македонија за 2022 година, во второ читање.

Пред пратениците е и предлогот за избор на заменици на народниот правобранител, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи, на Законот за следење на комуникациите, на Законот за заштита од експлозивни материи, како и на Законот за странци, сите во второ читање.

На дневниот ред на оваа седница е и Предлог -законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, во второ читање.

Меѓу другите точки на агендата е и дополнетиот Предлог-зкаон за изменување на Законот за полиција, како и Предлог-законот за медијација, во второ читање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста