3 месеци од завршувањето на последната вонредна состојба, властите не направија ништо во врска со короната

Државата не смее да дозволи евентуалниот нов бран на коронавирус од здравствен да прерасне во безбедносен ризик и да го загрози општото живеење во земјава, бидејќи негативно ќе се одрази и врз економската безбедност како домино ефект од пандемијата. Измина 3 месеци од завршување на вонредната состојба,а во период кој следеше,не се направи ниту една подготовка ниту пак се донесе некаков пакет законски решенија кои би се премениле во овој критичен период-силно критикуваат експертите.

За жал, поврзаноста помеѓу системот за справување со кризи и останатите безбедносни институции, армијата и полицијата сериозно потфрли.Дали ден пред прогласување на евентуална вонредна или кризна сосотојба во земјата, ние ќе го носиме потребниот закон за воена и вонредна состојба? вели проф.д-р.Марјан Ѓуровски-факултет за безбедност

Во услови кога недостасуваат законски норми, кога нема координација помеѓу безбедносните институции,кога се носат ад хок решенија,се отвора прашањето колку безбедносниот систем и системот за справување со кризи е подготвен да се справи со пандемијата ?

Во услови кога имате распуштен Парламент кога имавме техничка Влада, кога се водеа дебати дали може Парламентот да се состане или не,Македонија се обидуваше да одговори институционално на кризата и тогаш можеше да се констатираат сите слабости во изградбата на политичкиот систем на земјата во изминатите 30 години во кои што еден од тие ситеми е и здравствениот систем, изјави проф.д-р Цане Мојаноски од факултетот за безбедност

Од друга страна пак и македонскиот народ не им верува на институциите.

-“ Во цивилното општество имаме поведение како што беа поведенијата на верските заедници да го прогласат вирусот за мртов или да укажуваат дека е тоа божја сила.Дури и ден денес има поведенија со кои тешко се прифаќа носењето на маски “-завршува  проф.Мојаноски.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста