АРТУРО ВИДАЛ И ОФИЦИЈАЛНО ОД ДЕНЕСКА Е НОВ ЧЛЕН НА ИНТЕР СО КОЈ ПОТПИША ДВЕ ГОДИШЕН ДОГОВОР
Артуро Видал е нов член на Интер. Чилеанецот претпладнево успешно ги минал лекарските прегледи и ставил потпис на две годишна соработка со “нероазурите“, со можност таа да биде продолжена на уште една година. Видал претходно две сезони беше дел од екипата на Барслеона, од каде замина како слободен играч. Тој во редовите на неговиот клуб ќе заработува 6.000.000 евра годишно. Ова не е прв пат фдбалерот да соработува со тренерот Антонио Конте со кој имаше коректни односи за време на неговиот ангажман во Јувентус од 2011 до 2014 година.
КАТЕГОРИИ Фудбал