28 годишна девојка хоспитализирана поради згрутчување на крвта по вакцинација со АстраЗенека

28 годишна девојка добила тромботична реакција на крвта откако пред шест или седум дена во Србија ја примила првата доза од вакцината на „Астра Зенека“ ова го потврди министерот за здравство Венко Филипче. По овој случај здравствените власти најверојатно се предомислија, па сега, вакцинацијата со „Астра Зенека“ во Македонија ќе продолжи само кај популацијата над 60 години, а за другите ќе се чекаат препораки од Канада, Германија и од ЕМА.

Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови со кои сакаме да размениме соодветни информации евентуално да се обратиме со Европската агенција за лекови и директно до германското Министерството за здравство. Станува збор за тромботична реакција како резултат на вакцината од „Астра Зенека” кај помлади луѓе и тоа е една реакција на тромбоцитите после што се создаваат мали згрутчувања на крвта. Станува збор за исклучително мал број случаи некаде од еден на 120 000 до еден на милион рече Филипче.

Филипче кој вчера рече дека и тој ќе се вакцинира со „Астра Зенека“ денеска кажа дека останува на овој став, но прво ќе ги почека препораките. Министерот, кој речиси до вчера многупати убедуваше дека вакцините со најлошиот имиџ во моментов Астра Зенека се безбедни за сите, денеска се предомисли.

Граѓаните по ваквите различни информации се загрижени,се плашат и се двоумот дали е безбедно да се прими оваа вакцина и што потоа? На социјалните мрежи прашуваат кој ќе понесе одговорност за можните нус појави од оваа вакцина?

А што ќе се случува со макеоднските граѓани помлади од 60 години кои се имунизираа во Србија со вакцината на Астра Зенека? Министерот вели дека засега нема никакви препораки дека нешто превентивно треба да се прави и дека ќе бидат ревакцинирани. Но како ќе се следат овие случаи кога Филипче се уште го нема спсиокот од Србија кои и колку граѓани ја примиле вакцината на Астра Зенека.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста