Променливо време со засилен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утриската температура ќе се движи од -1 до 5, а дневната ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 литри на квадратен метар, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.

Поврзани вести